Почетоците на
претпријатието "Жито леб" ги наоѓаме некаде во далечната 1947
год., поточно на 26 октомври 1947 год. кога на седницата на
Градскиот народен одбор Охрид е формирано претпријатие под име "Исхрана"
кое започна да функционира на 15 ноември истата година. Во
рамките на претпријатието "Исхрана" влегуваа: една пекарница,
една месарница и еден житен магацин со млин и пиљарница. Набрзо
потоа во почетокот на декември претпријатието "Исхрана" отвори
уште две продавници и една пекарница и располагало со три до
четири фурни со кои годишно произведувало околу 800 илјади
килограми леб.

Подоцна
претпријатието го среќаваме под името "Жито Македонија" филијала
Охрид, а на 22.04.1987 год. го доби денешното име "Жито леб".
Преку низа организациони трансформации од 1998 год. поминува
во производно-прометно претпријатие А.Д. "Жито леб" - Охрид со
137 вработени кои генерално работат во две смени. Своите
производи ги наменува воглавно за локалниот регион, водејќи
сметка за сезонскиот и традиционалниот карактер на потребите од
истите.
А.Д. "Жито леб" располага со следната опрема: две тунелски
печки "Минел" - Панчево со капацитет од 1600-1800 леба на час,
четириетажна печка "Термотехника" - Загреб со ферментациона
комора, италијанска парна печка "Мондијал Форни" со
ферментациона комора, француска печка "Понс" со две комори за
печење на лиснато тесто, четириетажна германска печка "Вернер-Фрајдер"
за производство на геврек, како и повеќе планетарни миксери,
спирални миксери, дозатори, повеќе сита за брашно, казани за
мешање, електрични фритези, машина за презла, машина за пакување
итн.

Користи репроматеријали / суровини од познати добавувачи барајќи
при тоа и сертификат / потврда за квалитетот на истите. Меѓу
познатите добавувачи се: Жито Полог - Тетово, Жито Битола -
Битола, Хоризонт- Скопје, Рикром - Скопје, Квасара - Битола, ИМБ
Млекара - Битола, Ивакрем - Скопје, Суниленс - Скопје,
Казабланка - Кавадарци, Брилијант - Штип, Промес - Скопје и
други.
Производната програма на А.Д. "Жито леб" се состои од: леб Т-500,
специјални лебови, бело пециво, лиснато пециво, бурек и банички,
визитарски пецива, специјални лајбици и лепињи и слаткарски
програм.
Сите ние денес сме сопственици на едно навистина успешно
претпријатие, кое со своето 60-годишно постоење се здоби со
забележителен авторитет и кај потрошувачите и кај деловните
партнери. Наша задача е тој авторитет и доверба да ја одржуваме
и натаму, пред се со поголема одговорност и дисциплина кон
извршувањето на поставените работни задачи, во постојана борба
за што подобар квалитет.